Мајли Сајрус повторно гола – овој пат за книгата од Дејвид Лачепел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако популарната американска пејачка Мајли Сајрус неодамна изјави дека најголема грешка во нејзината кариера е видеоспотот за песната Wrecking Ball, во кој гола се ниша на голема топка, бившата Дизни ѕвезда одново се раслече до гола кожа за насловната страна од новата книга на познатиот комерцијален фотограф Дејвид Лачепел.

Во книгата насловена „Lost And Found“ ќе бидат објавени досега невидени фотографии кои ги има направено овој фотограф во својата 30-годишна фотографска кариера. Покрај фотките од неговите интересни патувања, во книгата ќе бидат поместени и портрети од Ејми Вајнхаус, Мајкл Џексон, Лејди Гага и Тупак.

Дејвид ја фотографираше Мајли во затворска ќелија за потребите на корицата од неговата книга. На едната фотографија таа клечи гола на подот, свртена кон прозорецот низ кој се пробиваат сончевите сраци. На алтернативната насловна фотографија, со помош на Фотошоп, Мајли е „претворена“ во шарена вила во истата затворска ќелија, а нејзините интимни делови од телото се покриени со кристални ружи.