Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изутринава во Куманово е уапсен Игор Југ, еден од групата која за време на „крвавиот четврток“ насилно влезе во Собранието, каде беа физички нападнати и повредени дел од пратениците.
Нему му беше одреден притвор, но досега беше во бегство. Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од МВР во врска со настанот.
Тој беше посочен дека носел пиштол за време на настаните на 27 април во Собранието и кој според српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ требал да го убие лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Игор Југ неодамна се огласи на неговиот Фејсбук профил каде напиша:
Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!“