Виц: Гасење пожар и враќање во живот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Избил пожар во едно болничко крило, па дошле пожарникарите и го изгаснале. Еден од пожарникарите му поднесува извештај на дежурниот лекар:

Пожарот е успешно изгаснат, но имаше седум повредени. Им дадовме вештачко дишење и петмина ги вративме во живот. За другите двајца, за жал не можевме ништо да сториме.

Докторот само се фатил за главата и изустил:

Како тоа петмина вративте во живот? Па Луѓе, вие гасевте пожар во мртовечницата!