Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Леонардо Бонучи и Дани Алвеш ова лето го напуштија Јувентус. Столбот на одбраната на „старата дама“ премина во Милан, додека Дани Алвеш се пресели во ПСЖ.
Двајцата играчи во споразум со раководството го напуштија клубот, но Алегри после мечот со Сасуоло даде изјава која медиумите ја протолкуваа како откритие зошто двајцата дефанзивци го напуштија Јувентус.
„Блас Матуиди е симбол на она што Јувентус го бара. Ние така добиваме нов лидер, чија филозофија е ’да молчи и да трча’. Овде се знае, прво е клубот, па потоа тимот, играчите и тренерот“, изјави Алегри.
Ваквата изјава медиумите ја протолкуваа како порака за Бонучи, кој минатата сезона влезе во конфликт со Алегри и токму поради тоа го напушти Јувентус.