Овие две работи, се клучни за задоволство на работниците

zadovolstvo-na-rabota

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Признанијата и благодарноста се покажаа како клучни за задоволството на вработените низ Европа.

Германскиот економски институт со анализа на последниот извештај на Европското истражување на работните услови (ЕВЦС), објави дека повисок степен на задоволство на работното место покажуваат работниците кои повремено добиваат покачување на платата, пофалби и кои имаат можност за напредување во работниот колектив.

ЕВЦС е стручен центар којшто веќе 27 години ги истражува условите за работа во Европската Унија, а во последното истражување од 2015 година беа испитани 43.850 работници.

Помалку задоволни од работата се испитаниците кои имале подолг работен ден, биле под притисок на временски рокови и често биле прекинувани додека работеле.

Најсреќни на работното место се работниците во Австрија, каде што 93 проценти од испитаниците се изјаснија дека се задоволни на работа. А во Германија, 88 проценти од вработените се изјаснија дека се задоволни, што е под европскиот просек.