Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После смртта на Честер во јули оваа година, бендот ќе се собери повторно на 27 октомври, за да одржат концерт, и сите собрани средства ќе бидат донирани во фондацијата “One More Light”. Фондацијата е основана во чест на пејачот Честер Бенингтон.
Во склоп со најавата за концертот, Linkin Park објавија и видео за еден од последните албуми. Видеото е режирано од Џо Хан, кој е член на бендот. Се работи за видео со емотивна содржина, во која е прикажана компилација на сцени од настапите на Честер.
“Беше многу емотивно да се работи на ова, а посебно гледањето на сите настапи. Работејќи го ова, се соочивме со некои од нашите најголеми стравови, но им донесовме светло на луѓето на кои тоа им е потребно. “, изјави Џо Хан.
На крајот на видеозаписот може да се прочита порака: “Честер, во нашите срца запали пламен од страсти, смеа и храброст. Ни недостигаш, брате. Џо, Мајк, Бред, Дејв и Роб”.
Картите за овај едновечерен перформанс на кој ќе присуствуваат и други бендови и уметници, ќе може да се најдат во продажба од 19-ти септември.