Руни ја призна вината на суд – еве каква казна му беше изречена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендата на англсикиот фудбал, Вејн Руни вчера се појави пред суд и ја призна вината дека возел во алкохолизирана состојба.

Руни на 1 септември беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, а денес се појави на суд и призна: „Виновен сум“.

Судот му ја одзеде дозволата на 24 месеци, а го казни и со една година општествено корисна работа, односно 100 неплатени часа.

„Сакам јавно да се извинам за лошата проценка и тоа што возев пијан. Тоа е навистина погрешно. Веќе му се извинив на моето семејство, на менеџерот, претседателот и сите во Евертон. Сега сакам да им се извинам на фановите и на сите оие кои ме поддржувале во текот на кариерата”, преку соопштение порача Руни.