Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Приоритет во решавањето на објектите од „Скопје 2014“ ќе им се даде на оние објекти кои што се најспорни, за кои јавноста бара реакција од нас. Тоа е споменикот на Андон Јанев Ќосето, како и на проектите кои што се во различни фази на изградба, со што создаваат финансиски импликации врз државниот буџет, изјави вчера Роберт Алаѓозовски, министер за култура на конференцијата за медиуми за првите 100 дена од неговата работа.
Во Министерството за култура веќе е формирана работна група што ја подготвува анализата на проектот Скопје 2014 и која треба да предложи мерки за најспорните објекти од проектот.
Министерот Алаѓозовски вели дека поради сложеноста на проектот, решавањето ќе оди во фази, а конечното решение ќе го донесе Владата.
Неодамна и премиерот Зоран Заев изјави дека на споменикот на Ќосето местото не му е таму.
„Се согласувам и јас дека не му е местото таму, но тоа е работа на Mинистерството за култура. Не знам дали почнале процедура околу спомениците од Скопје 2014. Се треба да биде по закон. Јас не земам телефон за во стилот ’Миле ми текна“ да диктирам’“, рече Заев.