Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Специјалното јавно обвинитеслтво денеска пред Врховниот суд ќе го образложи своето барање за заштита на законитост со кое бара имотот на ВМРО ДПМНЕ, односно новото партиско седиште на партијата да биде замрзнато и да не се дозволи отуѓување или префрлање на други сопственици.
Поради технички причини, седницата минатата недела беше одложена. Брањето досега два пати им беше одбиено од судот, но од СЈО сметаат дека сопственоста на белата седумкатна палата треба да остане непроменета.
Во Талир првоосомничен е партискиот лидер Никола Груевски, а осомничени се и пратениците Илија Димовски, Даниела Рангелова и екс-премиерот Емил Димитриев, генералните партиски секретари Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, шефовите на центарот на комуникации Александар Бичиклиски и Иво Котевски.
„Талир“ како истрага беше отворена еден месец пред крајниот рок на СЈО да поднесе обвиненија, но поради сложените и обемните постапки одлука дали ќе биде покренато обвинение не беше донесена во јуни.
Од СЈО преку 6месечниот извештај најавуваат дека по завршената постапка ќе биде донесена јавно обвинителска одлука, дали некој ќе биде обвинет за злоупотреба или за перење пари.