Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британската полицуја уапси и втор осомничен во рамки на истрагата за петочниот бомбашки напад во лондонското метро, кога беа повредени најмалку 30 лица, наведуваат британските медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата.
Во западното лондонско предградие Хаунслоу, непоредно пред полноќ, синоќа бил уапсен 21-годишен маж. Тој бил приведен согласно британскиот закон за тероризам и одведен во полициска станица во јужен Лондон.
Претходно вчера британската полиција во пристанишниот град Довер уапси 18-годишно момче и претресе зграда во градот Санбери, крај Лондон, во врска со нападот.