Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Леталото на НАСА по име Касини (Cassini-Huygens) ја заврши својата мисија со контролирано нурнување во атмосферата на Сатурн. Во контакт со атмосферата Касини се распадна и изгоре, а во последните неколку минути собра вредни податоци за составот на Сатурн.
Касини 13 години го проучуваше Сатурн, неговите прстени и месечини. На Земјата праќаше фотографии од површината на Сатурн, неговите бури, како и езерата на Титан. Касини вкупно имаше фотографирано 19 месечини, од кои една беше Сатурновата месечина Енцелад, на која се смета дека би можело да има живот.
Леталото е лансирано во октомври 1997 година, и да стигне до Сатурн му беа потребни 7 години. Пред да ја постигне целта Касини ги имаше “посетено” Венера и Јупитер.
Во текот на престојот во вселената, Касини собра многу податоци кои научниците ќе ги проучуваат во наредните години. На последниот сигнал до Земјата му беа потребни 83 минути, за да ја помине оддалеченоста од 1.300 милиони километри. Но за останатите на кои не им се важни тие податоци Касини испрати историски фотографии.
Дел од фотографиите за кои сите заслуги ги има NASA/JPL-Caltech/Space Science Institute :