Им одржаа час по кошарка на Шпанците: Словенија во финале на Евробаскетот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кошаркарите на Словенија ќе играат во финалето на Европското кошаркарско првенство, откако во првото полуфинале им одржаа час по кошарка на паркетот на Шпанците и ги декласираа со високи 92:72.

Словенците буквално го прегазија актуелниот првак и в недела во своето прво финале ќе се борат за европската титула.

Тимот на српскиот тренер Игор Кокошков на Шпанците им одржа кошаркарски час, особоено во второто полувреме кога предноста стана двоцифрена. Словенците го торпедираа шпанскиот кош погодувајќи 14 тројки од 25 обиди.

Најефикасни кај Словенија беа Рендолф и Драгиќ со по 15 поени, Препелиќ постигна 13, а Дончиќ беше маестрален со 11 поени, 12 скокови и 8 асистенции.

Кај Шпанија Пау Гасол постигна 16, Рики Рубио 13, а Марк Гасол 12 кошеви.

Финалниот меч на програмата е во недела, а словенија ќе игра за златниот медал со победникот од полуфиналето помеѓу Србија и Русија, које се игра во петок.