Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во терористичкиот напад кој се случи во САД во 2001 година, на 11 септември, загинаа скоро 3.000 невини жртви, а од тој кобен грозомор пред два дена изминаа точно 16 години. Bored Panda објави аматерски фотографии кои ги прикажуваат потресните сцени, а кои досега ретко кој од јавноста ги имаше видено.
Пример, една таква фотка која ја направи Патрик Вити, ја покажува фацијалната експресија на луѓето кои го гледаа моментот кога едната кула од „близначките“ од Светскиот трговски центар почна да се руши.
На друга фотографија прикажана е Изабел Десер која позира во осми месец бременост не насетувајќи дека токму во тој момент се случува терористички напад кој е фатен и на нејзината фотографија која сакала да ја има за спомен.
Не долго после рушењето на кулите-близначки, еден фотограф го фатил емотивниот момент помеѓу мајка и тригодишно дете, кој порачува дека со тоа животот продолжува и покрај катастрофите и ужасите кои луѓето си ги нанесуваат едни на други.