МекДоналдс ги лаже муштериите?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


МекДоналдс жестоко ги отфрла гласините кои кружат на социјалните мрежи за тоа како нивните работници редовно крателе на помфритот.

На темата „Што се треба да скриете од клиентите“, работниците тврдат дека постои трик со кој на клиентите ќе му даваат помалку компири, а тоа да остане незабележано, но еден купувач го забележал тоа.

„Работев во МекДоналдс и ме научија на трикот, дека ако ја притиснам картонската амбалажа додека ставам помфрит таа ќе изгледа полна, но практично таа не е полна“ напиша поранешен вработен во МекДоналдс.

Тој вели дека само еден муштерија го забележал тоа. „Ги претури компирите во таблата и потоа ги врати во картонот кој беше само полн до пола, па морав да му дадам уште компири“ објаснува тој.

Друг вработен објаснува за тоа како ја мразел работата што ја работел таму.
„Го мразев тоа и одбивав да работам. Никогаш не добив отказ, им ги преполнував кутиите со компири, а неколку муштерии ме прашуваа кога сум на смена за јас да им давам помфрит – напиша тој. Се случуваше и други вработени да има ги преполнуваат кутиите со помфрит и преливи.

„Пијалоците им ги полнев до врвот, наместо автоматската доза која е пропишана во правилата, а на љубезните муштерии и на децата секогаш им давав додатни преливи.

„Не постојат никакви трикови“.
Мекдоналдс најостро ги отфрла овие тези на наводно поранешните вработени.

„Уверени сме дека тие тврдења се измислени, не постојат никакви „тајни трикови“, а имаме строго прпишани правила за тоа колку да се полнат порциите со помфрит“ се изјасни портпаролот на оваа компанија и додаде дека без проверен избор, случајот неможе да се истражува понатаму.