Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Трансферот на Нејмар во Пари Сент Жермен за 222 милиони евра ова лето предизвика вистинска револуција, па цените на сите фудбалери скокнаа најмалку двојно.
Барселона сакаше да донесе една суперѕвезда како замена за Нејмар, а во прв план беа Филип Кутињо од Ливерпул и Пауло Дибала од Јувентус.
Сепак, Каталонците не успеаа во својата намера бидејќи овие фудбалери имаат силни договори со клубовите и нивната цена е превисока.
Медиумите тврдат дека Барса следното лето повторно ќе се обиде да го донесе Дибала, а „суперагентот“ Мино Раиола тврди дека Аргентинецот нема да заврши на „Камп Ноу“, иако е сигурен дека ќе го напушти Јувентус.
„Мислам дека Дибала наскоро ќе го напушти Јувентус. Сепак, не верувам дека ќе се пресели во Барселона. Јас го гледам во дресот на Реал или клубовите од Манчестер – Јунајтед или Сити“, истакна Раиола.