Во Луксор откриена гробница со мумии стара 3.500 години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Египетските археолози открија гробница од кралски златар во која се пронајдени саркофаг, мумии од жена и нејзините две деца, накит и дрвени маски.

Гробницата, која датира од периодот помеѓу 16 и 11 век пред нашата ера, е пронајдена во градот Луксор, 700 километри јужно од Каиро.

Пронајдена е и статуа од златарот Аменемхат, кој седи покрај својата сопруга, а не е јасно дали трите пронајдени мумии се некако поврзани со Аменемхат.

Како што наведуваат археолозите, мајката која починала во 50-те години од својот живот боледувала од заболување на коските, додека нејзините синови починале во својата 20-та, односно 30-та година од животот. Трите тела се добро сочувани.

Гробницата се наоѓа на местото каде се погребувале државниците и благородниците.

Во Египет, во изминатите неколку месеци, се откриени серија древни наоѓалишта. Во април беа пронајден осум мумии во грбоница во Луксор, а месец дена порано во Каиро беше откриена голема статуа која наводно го прикажува кралот Псамтик од 26-та династија.