Се е договорено: Младата ѕвезда пристигнува во Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако летниот преоден рок не успеа да го одработи така како што сакаше, сепак раководството на Барселона и понатаму работи на засилување на тимот.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека клубот од „Камп Ноу“ го договорил трансферот на младиот дефанзивец од Палмеирас, Јери Мина, кој би требало да пристигне следното лето.

„Марка“ наведува дека спортскиот директор на Палмеирас, потврдил дека двата клуба постигнале договор околу трансферот, па Барселона на бразилскиот клуб ќе му плати 9 милиони евра.

Мина е колумбиски репрезентативец и важи за еден од најталентираните дефанзивци во Јужна Америка, па сигурно дека ќе биде големо засилување за Каталонците.