Конечно ги фатија: Еден од најмистериозните парови „уловен“ од папараците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најтаинствените парови во Холивуд конечно е забележан и фотографиран од страна на папараците.

За врската на Џејми Фокс и Кејт Холмс се зборува веќе со години, а ова е прв пат да се видени заедно во јавност.

По четири години шпекулации конечно е потврдено дека глумците се во врска. Тие во неделата биле видени на плажа во Малибу како шетаат држејќи се за раце.

За нивната врска се зборува уште од 2013 година, но никогаш не ја потврдија, дури и ги демантираа гласините.

Како што пренесоа странските медиуми, причина за тоа наводно е договорот што глумицата го потпишала по разводот со Том Круз, а според договорот, Кејти не смеела да биде во врска со никого пет години по разводот.

Да потсетиме, поранешната двојка Том и Кејти, заедно имаат ќерка Сури.