Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Килијан Мбапе ова лето беше еден од најбараните фудбалери во Европа и на крајот заврши во ПСЖ за трансфер вреден 180 милиони евра. Со тоа 18-годишниот Французин стана втор најскап фудбалер во историјата.
Меѓутоа денес на интернет се појави фотографија од детските денови на Мбапе која открива дека младиот Французин навива за Челзи. На зидот од неговата соба се наоѓа дрес од лондонските „сини“ со бројот 10 и неговото име, а Мбапе позира пред него.
Интересно, меѓу клубовите кои го сакаа Мбапе ова лето не беше Челзи, но Французинот имаше понудите од Премиер лигата и тоа од Арсенал и Манчестер Сити.
Оваа фотографија настанала кога Мбапе имал само 11 години, па времињата се променија. Тој ова лето одлучи да се пресели во неговиот роден град и да потпише за Пари Сент Жермен.