Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Комисијата за европски прашања денеска го завршила претресот по Законот за употреба на јазиците, во прво читање.
Комисијата со 9 гласа „за“, и ниту еден глас „против“ и „воздржан“ го усвоила заклучокот дека законот е прифатлив, и од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ, и тој треба да се даде на натамошно читање, се наведува во соопштението на претседателот на Комисијата, Артан Груби.
Во текот на тридневната расправа во Комисијата, учествуваа пратениците:Антонио Милошоски, Џеват Адеми, Илија Димовски, Стево Пендаровски, Мирсада Емини, Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Владанка Авировиќ, Петре Шилегов, Невенка Стаменковска, Нола Исмајлоска, Жаклина Пешевска, Трајчо Димков, Зекир Рачмиловиќ, Шпреса Хадри, Димитар Стевананџија,Фадил Зендели, Томислав Тунтев.