Home Вебкафе Имал 305 килограми, а денес изгледа вака!

Имал 305 килограми, а денес изгледа вака!

После неколку години нездрав живот и прејадување, Рони од Њу Јорк тежел неверојатни 305 килограми. Пред две години лекарите му кажале дека нема да ја доживее својата 35-та година, ако во животот под хитно не воведи промени.

Тој тоа и го направил и досега ослабел неверојатни 180 килограми – сето тоа со вежбање и слушање на својата омилена пејачка Тејлор Свифт.

Тејлор е позната по исполнувањето на желби на своите фанови па така неговиот пријател Џој Буфано одлучил да ја побара Тејлор и да го награди за неговиот напредок. Тие двајца наскоро ќе одат на нејзиниот концерт и Џој се надева дека Тејлор ќе најде начин да стапи во контакт со него, а поради таа причина на Јутјуб објавил видео во кое се прикажува трудот на Рони низ 700 дена.

Во прилог видете ја неговата трансформација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали витамините помагаат при симптомите на менопауза?

Менопаузата е нормална фаза во животот на секоја жена и означува престанок на производство…