Чурук гостин: Изнајмил стан преку Airbnb, па направи штета од 10.000 евра (фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Airbnb е една од најпопуларните и наједноставни платформи за изнајмување и рентање на апартмани, станови, куќи и останат вид на недвижнина поврзана со сместување. Но, дека истата може да ве вовлече во неволји и проблеми на најлош можен начин дозна парижанката Лори Синаковски, која својот стан му го изнајми на еден Канаѓанец за време на неговиот престој во Париз.

Типот практично целосно го уништил станот, па после неговото заминување истиот бил во апсолутен хаос, празни шишиња биле расфрлени насекаде, мебелот бил уништен, чаршафите избербатени од измет, уринирал буквално каде што ќе стигнел. За тридневен престој лошиот гостин и клиент направил штета од скоро 10.000 евра.

Лори не го запознала лично гостинот, туку во станот го пуштиле соседите кои ја известиле дека типот им изгледал добар и мил. Сега таа тврди дека дознала оти е алкохоличар и дека страда од депресија.

23-годишната парижанка вели дека станот е преполн со инсекти и дека во него не може да се престојува поради ужасната смрдеа и ѓубре. Фотографиите ги објави на Фејсбук и сега се обидува да добие компензација од Airbnb за направената штета.

„Моето шармантно станче е претворено во ужасен хаос, полн со измет, урина и преплавен со празни шишиња од алкохолни пијалоци. Урина има од подот до таванот, влезната врата не може да се затвори, креветот го користел како тоалет. Бев шокирана кога влегов во станот. Неговиот профил не покажуваше ништо сомнително, имаше позитивни оценки од претходните изнајмувачи. Трошоците за чистење на станот се огромни, морам да најмам професионалци за да го средат како што треба“, напиша Лори.

The Local пишува дека на типот му бил блокиран профилот на Airbnb и дека агенцијата го истражува случајот.

„Вакви случаи се исклучително ретки. Само 0,009 насто од 30 милиони станови изнајмени преку нашата платформа минатата година биле оштетени“, велат од Airbnb.