Интер го пронајде првото засилување за во јануари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер после неколку лоши сезони сака повторно да се врати на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.

„Нероаѕурите“ со новиот тренер и новите засилувања имаат големи амбиции за новата сеозна, но веќе работат на нови засилувања за во јануарскиот преоден рок.

Приоритет за миланскиот гигант е доведување на засилување на одбраната, а италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба е Хосе Марија Гименез од Атлетико Мадрид.

Интер во летниот преоден рок имаше неуспешен обид да го ангажира Мустафи, но сега ќе се насочи кон ургвајскиот репрезентативец кој не добива голема минутажа во Атлетико.

Гименез има откупна клаузула од 65 милиони евра, но раководството на Интер наскоро ќе започне преговори со Атлетико и е спрмно да понуди 35 милиони евра.