Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо и ова лето се одличи за квалитет, не за квантитет и на „Олд Трафорд“ ги донесе само Лукаку, Линделоф и Матиќ, а медиумите тврдат дека следното лето најверојатно ќе го комплетира тимот со Антоан Гризман.
Гризман и ова лето беше многу блиску до Манчестер Јунајтед, но поради солидарност кон Атлетико кој не можеше да купува нови играчи, остана уште една сезона во Мадрид.
Сепак, јасно е дека Французинот следното лето ќе ја промени средината, а тоа може да се реализира многу лесно бидејќи во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, сума која нема да биде проблем за богатите клубови.
Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо сега ќе мора да бира – Гризман или Герет Бејл.
Велшанецот ова лето остана на „Сантиаго Бернабеу“, но со „експлозијата“ на Асенсио и Иско јасно е дека неговиот статус е нарушен, па следното лето би можел да ја промени средината.
Неговата цена е исто така околу 100 милиони евра, па Мурињо ќе треба да се одлучи кој од споменатите двајца да го донесе на „Олд Трафорд“.
Медиумите на Островот тврдат дека раководството нема да му дозволи буџет за двајцата, но со „Специјалниот“ никогаш не се знае…