Многу жени редовно го прават, а не знаат дека го зголемуваат ризикот од рак на јајници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вагиналното плакнење (познато и како испирање) може да го зголеми ризикот од зараза со HPV вирусот, утврди новата студија направена од научниците. Методот кој го користат голем број жени за да се ослободат од непријатнито мирис може да предизвика последици кои долгорочно можат да бидат многу опасни.

Научниците од Универзитетот во Тексас ја проучуваа поврзаноста помеѓу вагиналното плакнење и HPV вирусот кај 1.271 жена на возраст помеѓу 20 и 49 години. Жените кои редовно правеле вагинално плакнење имаат двојно поголем ризик да заболат од рак на јајниците, покажа истражувањето. Студијата е објавена во Journal of Infectious Diseases и покажува дека вагиналното плакнење го зголемува ризикот од зараза со поголем број на вирусни видови и тоа за 26%.

Уште повеќе загрижува тоа што плакнењето на вагината го зголемува ризикот од инфекции со видови на HPV кои предизвикуваат рак, и тоа за 40%. Исто така, се удвојува и ризикот од заболување од рак на јајниците. Лекарите ги предупредуваат жените да го избегнуваат вагиналното плакнење бидејќи тоа може да ја поремети бактериската флора на вагината, поради што таа станува поподложна на воспаленија и инфекции.

„Вагината содржи повеќе бактерии од било кој друг дел од телото, но бактериите таму се со причина. Не знаеме во какви околности вагиналното плакнење би било корисно, бидејќи сè што се прави со тоа е плакнење и чистење на сè во вагината, вклучително и добрите бактерии“, вели професорот Рони Ламберт.