Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
7-годишната Матилда Џоунс пронајде стар меч во истото езеро во кое, според легендата, е фрлен легендарниот меч Екскалибур, оружјето на на кралот Артур.
Матилда влегла во езерото Дозмари во Корнвол со својот татко Пол, кога на дното го забележала големиот меч.
„И реков дека најверојатно станува збор за дел од некаква ограда, но кога погледнав, сфатив дека навистина станува збор за меч. Лежеше на дното на езерото“, изјави нејзиниот татко.
Според легендата, сер Бедивир го фрлил Екскалибур во езерото Дозмари по битката во Камлан во кој загинал Артур. Мечот го фатила рака која излегла од езерото и засекогаш го одвлекла во длабочините.
Сепак, да бидеме реални, мечот кој Матилда го нашла најверојатно не припаѓал на кралот Артур. Најверојатно станува збор за филмски реквизит кој бил користен за време на снимање пред дваесет или триесет години.