Музиката од Бијонсе ќе се изучува на Универзитетот во Копенхаген


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Студентите на Универзитетот во Копенхаген ќе можат да слушаат предмет „Бијонсе, пол и раса“, а на часовите веќе се пријавиле 75 студенти.

Предметот ќе се предава на сличен начин како и другите факултетски предмети од културата, како што е опера, а интересот за изучување на нејзината работа е толку голем што предавањата се префрлени од помала во поголема сала.

„Ќе ги анализираме нејзините песни и музички видеоснимки, а ќе се фокусираме на полот, сексуалноста и расата“, изјави професорот Ерик Стеинског.

Тој, исто така, рече дека Бијонсе Ноулс е доста важна за разбирање на светот во кој живееме, бидејќи е една од најголемите поп пејачки.

Универзитетот во Копенхаген не е прв кој во наставната програма воведе изучување на музиката од оваа пејачка. Неколку години претходно тоа го направи и универзитетот Рутџерс во Њу Џерси.