Конфекција испушти од работа 9 работнички и им бара 30.000 евра оштета за неработење на празник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Девет штипски текстилни работнички останаа без работа, откако одбиле да работат во понеделникот на Денот на успение на Пресвета Богородица.

Девет штипски текстилни работнички останаа без работа, откако одбиле да работат во понеделникот на Денот на успение на Пресвета Богородица. Работничките тврдат дека првично им било кажано дека на овој ден нема да се работи, подоцна од нив устно било побарано само тие да се појават на работа. Работничките одбиле, а по празникот кога се појавиле пред вратата на фабриката влезот им бил забранет и добиле устен отказ.

Случајот го пријавиле во Здружението Гласно, кое веќе реагирало и до надлежните институции.

Девет конфекциски работници останаа без работа откако одбиле да го работат државниот празник Голема Богородица. Иако од сопственикот на компанијата било јасно кажано дека понеделник ке биде неработен сите, во последен момент работите се промениле и на работа биле повикани само работниците кои во вторникот добиле отказни решенија. Ова се случувало со странски капитал Банки Скот, тврдат од штипското здружение Гласно.

Но не само што добиле отказни решенија, сега работниците на својот поранешен газда поради тоа што не го работеле државниот празник ќе треба да му исплатат по 3.295 евра,односно сите заедно 29.660евра информираат од Гласно. Веке се поднесени преставки до трудовиот инспекторат.

Сепак, појаснува Трајков законот дозволува на работодавачот да го ускрати или ограничи правото за празнување на државен празник, со што се кратат дел од работничките права.