Сакал да се убие, но му се јавила ТАА – денес се во брак!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога имал 13 години Кевин Валш од Чикаго на еден летен камп запознал девојче кое му пришло и му рекло „Црната боја одлично ти стои“ – подоцна се покажува дека таа средба била судбинска.

Тие на крајот се спријателиле. Размениле броеви и некое време по летото останале во контакт, а потоа секој по својот пат. Започнале средношколските денови и секој во својата приказна.

„Морам да признам дека секој ден мислев на неа. Дури и денес со сигурност не можам да кажам зошто, но од некоја причина не можев да ја исфрлам од главата“, објаснува Кевин.

Средношколецот од Чикаго се чувствувал изолирано, чудно, осамено и одделено од неговите врсници, како и од целиот свет. Со тек на време, осаменоста станала премногу за него. Блиските на Кевин знаеле дека е добар аналитичар, па кога ќе наумел нешто секогаш го правел.

Тој почнал да размислува за самоубиство. По некое време не му било доволно само размислувањето и решил конечно да стави крај на неговата болка. Па, напишал писмо и отишол на местото на коешто планирал да си го одземе животот. Кевин добил телефонски повик само 10 секунди пред да го изврши самоубиството – на другата страна на линијата била таа.

Ја прашал што се случува, а таа му одговориле дека почуствувала дека треба да му се јави. До тогаш се намеле чуено цела година, Кевин и признал што сака да направи, а таа го одвратила од намерата.

„Таа ноќ започнав да пишувам зборови со кои, 10 години подоцна, ќе ја запросам“, додава Кевин.

Нивното пријателство со годините прераснало во љубов, а пред една година се венчале.