Денеска референдум во Босилово против рудникот Иловица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во општина Босилово денес граѓаните на референдум ќе имаат можност да се изјаснат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На избирачкиот список запишани се 12.301 гласачи, а за успех на референдумор потребно е на гласање да излезат 6.151 гласач (50% +1) на 19 избирачки места.

Жителите на Општина Ново Село на референсумското прашање за или против рудници ќе се изјаснуваат на 17 септември.