Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа што медиумите го најавуваа вчера, денес доби и официјална потврда. Македонскиот шампион Вардар се засили со рускиот напаѓач, Максим Максимов.
21-годишниот Максимов Максимов потпиша три-годишен договор со Вардар, а доаѓа од литванскиот клуб Тракаи, за кој оваа сезона постигна седум гола во квалификациите на Лигата на Европа.
„Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза“, истакна Максимов за офиицијалната страница на Вардар.
„Ова за мене е нов предизвик, поинаков од досегашните. Вардар е добра можност да ги покажам моите квалитети, да ги покажам моите амбиции. Се надевам дека ќе ја продолжам мојата форма и дека ќе продолжам да давам голови и во дресот на Вардар, кои ќе му донесат успех на тимот. Верувам дека брзо ќе се адаптирам во новата средина. Знам дека има неколку фудбалери во екипата кои што зборуваат руски јазик, и верувам дека ќе ми помогнат за да се прилагодам во новиот клуб, а јас на секој тренинг и на секој натпревар ќе давам максимум за да ја оправдам довербата“, истакна Максимов.
Максимов е роден во 1995 година во Воронеж. Првите фудбалски чекори ги почнува во фудбалската школа на својот роден град, а потоа преку рускиот тим Факел, заминува во Литванија во тимовите на Атлантас и Тракаи.