Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Две новороденчиња со тешки респираторни заболувања починаа вчера на Детската клиника во Скопје. Директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, потврди дека четиримесечно новороденче од Гевгелија со респираторен инфект и тежок малформациски синдром со засегнувања повеќе органи, починало денеска на одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести. Вториот случај се однесува на новороденче од Гостивар, кое било донесено на Клиниката во тешка здравствена состојба и кое веднаш било ставено на респиратор, но починало денеска.
„Ние докторите и покрај тоа што имаме можности од опрема и знаење, не секогаш можеме сè да излечиме. Се случува деца со тешки заболувања и да починат. Тоа се деца што престојуваат на интензивна нега на машини. Повеќето од нив преживуваат поради несебичната заложба на докторите и на сестрите, но не секогаш тоа е возможно“, изјави Ставриќ.
Новороденчето од Гевгелија од самото раѓање било донесено на клиниката со проблеми, престојувало на интензивна нега, каде што било ставено на респиратор. Кога му се подобрила состојбата, тоа било пренесено на одделот за интензивна нега.
„Основниот проблем е што преградите во носот биле затворени и било отежнато дишењето. По стабилизирање на состојбата, детето е пуштено дома. Има уште еден краткотраен престој повторно поради некоја цијаногена криза. Кратко престојувало на клиниката во јуни и на 28 август била третата негова хоспитализација. Донесено е со еден респираторен инфект, значи при самата постапка при прием е дојдено до влошување на состојбата поради што веднаш е префрлено на одделот за интензивна нега и терапија, каде што е поставено на респиратор“, објаснува Ставриќ.
По помалку од два дена, новороденчето кое било во тешка состојба, починало. „Станува збор за синдром кој и во литературата има висока смртност. Обично овие деца не ни преживуваат шест месеци, а многу ретко една година. Станува збор за директна последица на инфектот што доведе до ваков исход. Тоа е белодробен инфект, бронхиолит, како бронхитис, кој е третиран во матичната установа. Матичниот доктор неколку дена го лекувал со антибиотици, со инхалации, но поради неподобрување, е донесено со возило на итната медицинска помош на нашата клиника“, рече Ставриќ. Таа најави дека наскоро ќе биде пуштена во употреба новата интензивна нега на клиниката.