Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двe чесни сестри пробаа да ограбат банка во мало место американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти полицијата.
Да се разбереме, не станува збор за вистински калуѓерки, туку за две жени кои, преправени како чесни сестри, пробале да го извршат грабежот. Властите наведуваат дека вчера тие влегле во Ситизенс банката во местото Танерсвил, по што една од нив извадила пишто и барала пари од службеничката во банката. Полицијата наведува дека тие од банката искочиле без никаков плен.
Тие биле облечени во црна облека на калуѓерки, а една од нив имаше наочари за сонце.
Случајот го испитува и ФБИ.