Петмина судии се пред разрешување, треба да се огласи Антикорупциска комисија

???

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пет постапки за утврдување на нестручно и несовесно работење на петмина судии се одложени на неопределено време, бидејќи Судскиот совет ќе чека мислење од Антикорупциска дали во време на распишани локални избори може да разрешува судии. Предметите се комплетирани и од Советот за факти и од Судскиот совет, но сепак неизвесно е кога ќе се одлучува дали судиите кои се опфатени во постапките ќе бидат разрешени или иницијативите ќе бидат отфрлени.

„Постапките се уште не се започнати бидејќи не може во еден ден да биде разрешен судијата. Потребнио е да биде помината цела една постапка со повикување на судијата, тој има право да си ангажира и адвокат, да достави докази, потоа има седница и расправа па дури потоа се донесува одлука за прифаќање на иницијативата или за отфрлање не може никако на една седница оваа постапка да се заврши“, вели Караџовски.

Караџовски чека мислење од Антикорупциска и за избор на судии и претседатели на судови. Огласите се затворени, кандидатите се интервјуираат, но неизвесно е дали ќе бидат избрани пред локалните избори. Повеќе од половина година претседател чека и Кривичниот суд бидејќи и по првиот конкурс изборот беше одложен поради предвремените парламентарни избори.

Во трката за Кривичен се осум судии. Старите ривали Владимир Панчевски и Иван Џолев, Татјана Михајлова која беше неколку месеци вршител на должноста претседател, но е и судечки судија во предметот на СЈО „Шамари во Центар“ против Груевски, судијката која му даде налог на СЈО за влез во УБК, Весна Димишкова. За претседателското место во Основен еден ќе се борат и судиите Оља Ристова, судијата во „Монструм“ Ивица Стефановски, судијата во „Шпион“ Ѓоко Ристов, Верка Петковска судијката од „Диво насеље“ и судијата Осман Шабани.