Секс „вреден“ и за затвор: Професорка се сексала со ученик – двајцата добија затворски казни


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бивша професорка во едно средно училиште во Марибор е осудена на една година затвор условно, со искушувачки рок од две години, бидејќи имала интимни односи со тогаш малолетниот ученик, додека ученикот е казнет поради уценување на професорката, објави во понеделникот мариборскиот весник „Вечер“.

Љубовната афера меѓу професорката и ученикот протекла во јавност минатата година, а наводно траела цели две години. Родителите од ученикот, на негова иницијатива случајот го пријавиле во школото и во полиција, па професорката доби експресен отказ и кривична пријава.

За сексуални односи со малолетно лице постаро од 15 години словенското казнено право предвидува казна од една до десет години затвор, ако делото го извршило лице кому му било доверено одгледување или старателство врз малолетното лице.

На една година затвор условно и плус една искушувачка година е осуден и ученикот од овој случај, кој во меѓувреме стана полнолетен. Изгледа дека во аферата, која сега го доби судскиот епилог, тој не бил само жртва на злоупотреба од страна на професорката, туку и самиот ја злоупотребувал својата положба во ситуацијата.

На суд призна дека со податоците за нивната врска и однос ја уценувал професорката, откако ја прекинале меѓусебната врска.

Како што пренесува споменатиот весник, на судењето и двајцата ја признале вината и си се извиниле еден на друг поради настанатите непријатности.