Денес и утре засвежување и дожд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд, со засилен ветер и појава на грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во јужниот и југоисточниот дел од земјава.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува.

Во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладнето. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу 7 до 10 степени.

Во попладневнте часови врнежите ќе престанат и ќе има постепено стабилизирање на времето. Температурата повторно ќе биде во покачување.