ФОТО: Заврши шестото издание на Интернационалниот прилепски џез фестивал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Викендов, со настап на Metachronic Talking, Max Kochetov Quartet и дуото Дине Донеф и Гоце Јованоски, во саботата вечерта финишираше третата и последна вечер од шестиот по ред џез викенд во Прилеп.

На летната сцена од домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, последната џез вечер ја отвори триото Metachronic Talking, Мари Марис, Денис Гиварч и Александар Петров ја започнаа џезерската увертира во последната вечер од Интернационалниот прилепски џез фестивал.

После нив настапи Макс Кочетов од Белград со својот квартет, а со полноќен тандемски џез експеримент на контрабас и бас, Дине Донеф и Гоце Јованоски во одличен елемент ставија фантастичен музички печат на шестиот по ред викенд во Прилеп посветен на џез музиката.

Фотографии: Александар Еленин