Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Aмериканскиот боксер, Флојд Мејведер, славеше во борбата против ММА ѕвездата Конор Мекгрегор.
После, повеќемесечните провоцирања преку медиумите и навредите, Мејведер и Мекгрегор конечно влегоа во рингот, каде што подобар беше Флојд Мејведер. Мекгрегор издржа не цели 10 рунди, после што судијата одлучи да го прекине натпреварот и да прогласи победа за Мејведер.
Конор во мечот влезе со 10 килограми предност во однос на Флојд. Ирецот добро стартуваше и првата рунда одлично ја контролираше, додека Флојд влезе со голема доза на претпазливост во натпреварот, но и тој направи неколку добри „контри“.
Мекгрегор продолжуваше со активна борба се додека не се разбуди Флојд, а тоа се случи во четвртата рунда кога Конор му зададе одлично кроше, после кое започна да боксува. Тука конечно успеа да упати неколку добри удари и да добие една рунда.
Но, од тој момент Флојд беше човекот кој доминираше во рингот и ја контролираше борбата. Првиот поголем пад Конор го доживеа во шестата рунда, го изгуби балансот и повеќе не можеше да го држи темпото кое тој го наметна.
Како што одминуваше времето, Конор го совладуваше заморот, додека Мејведер беше се подобар и подобар. Клучниот момент се случи во деветата рунда кој Мекгрегор доби повеќе тешки удари, но Мејведер како да не сакаше тука да заврши борбата, па Ирецот издржа и до почетокот на десетата рунда.
Во десетата рунда беше се готово. Судијата ја прекината борбата и Флојд дојде до 50 победа во кариерата, пишува Спортски.мк.