Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Плоштадот „Скендер бег“ беше преполн првата вечер од летната забава „Супер Скопје“ која што се одржува во Старата скопска чаршија.
Присутните се забавуваа со одличната музичка понуда во првата вечер, каде имаа можност да ги проследат настапите на поголем број изведувачи.
Илјадниците посетители на плоштадот, како и во преполните угостителски објекти во Старата скопска чаршија уживаа во настапите на Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ.
Вториот викенд на „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија продолжува вечерва /27.08.2017 година, сабота/ од 21 часот, на просторот пред црквата „Свети Спас“, каде ќе настапат Офкестра (Offcestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).
Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.
Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).
За потсетување, согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .