Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Осумнаесет годишната тинејџерка од Калифорнија Обдулија Санчез минатиот месец предизвикала сообраќајна несреќа во која нејзината помлада сестра Жакелин починала.
Бизарната сообраќајна несреќа се случила поради користењето на мобилниот телефон и алкохолот на девојката. Имено девојката понесувајќи ја атмосферата од автомобилот се вклучила во живо на социјалните мрежи, додека на совозачкото место седела нејзината помлада сестра.
-Возењето беше вообичаено се додека не почувствував дека без контрола вртам на лево. Почнав да кочам со автомобилот, но беше предоцна и се превртевме, признава Обдулија.
Во автомобилот имало уште една патничка, пријателка на Жакелин.
-Немав намера да предизвикам несреќа. Сите се снимаат во текот на возењето, тоа е денеска популарно. Имам само 18 години, сè уште сме млади, изјави Обдулија, очигледно сè уште несвесна за тоа што го направила.
Таа тврди дека никогаш претходно не доживеала сообраќајна несреќа. Неверојатно е дека девојката продолжила да снима и после несреќата да пренесува се што се случува на интернет.
Дури го снимила и мртвото тело на својата сестра, а кога сфатила дека нејзината сестра починала таа изјавила: „Погледнете ја убив својата сестра. Знам дека ќе одам во затвор, но тоа не е важно. Те сакам, почивај во мир душо. Те сакам, разбуди се душо, разбуди се. Жал ми е. Не сакав да те убијам, продолжила таа, но потоа престанала да снима.
Откако полицијата и итната помош стигнале на местото на несреќата, Обдулија станала агресивна и сакала да се поздрави со својата почината сестра.
Измерени и се 0.8 промили алкохол во крвта и однесена е во полициска станица.
На Обдулија и се заканува казна затвор од 13 години.