Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неконтролираната сеча на дрвја придонесе најголемиот остров на реката Брамапутра, Маџули – од богата шума да се претвори во пустина, без речиси никаков животински свет. За среќа, еден локален жител не се помири со тоа.
Имено, по повеќегодишни напори на упорниот Џадав Пајенг, речниот остров повторно наликува на оаза полна живот.
Пред околу 37 години, старецот одлучил да сади по едно дрвце на ден. Резултатот е неверојатен: Шумата сега покрива површина од скоро седум квадратни километри. За споредба, њујоршкиот Сентрал парк зафаќа површина од 3,4 квадратни километри.
Со враќањето на вегетацијата, на Маџули се врати и фауната. Сега таму живеат 115 слонови, како и голем број тигри, носорози и елени.
Речниот остров Маџули повторно заличи на тропски рај, а Пајенг е најодговорен за овој „препород“.