Само за турбо богати: Вака милионерите бараат девојки и се фалат со богатството


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако живеете убедени дека социјалните мрежи и апликациите за паметни телефони денес се меѓу ретките работи кои не ги дискриминираат сиромашните – се лажете.

Некои услуги функционираат врз база на ексклузивност, а таквите можат да си ги дозволат само одбраните. Познато ви е дека на Инстаграм веќе врие од профили од типот на “Rich Kids Of…”, но дали сте знаеле дека постои и истоимен сервер каде пристап можат да си дозволат само екстра богатите, бидејќи месечна членарина таму чини 1.000 евра месечно. „Ако ви е скапо, тогаш ова не е за вас“, порачуваат од сервисот.

Luxy

„Излегувајте со атрактивни милионери“ е слоганот на овој сервис.

Станува збор за апликација за запознавање на кој профил можат да си дозволат само сериозно богати луѓе, нешто како Tinder, само за фамозните 1%. Според официјалната интернет страна на сервисот, 41% од нивните корисници имаат приходи поголеми од еден милион долари годишно.

James Edition

Станува збор за навистина луксузен огласник со седиште во Амстердам. Овде може да купите најскапи автомобили, јахти, авиони, хеликоптери, часовници и друго. Се нудат и авантуристички тури до места како Антарктикот, но само за оние кои можат да го платат тоа.

JetSmarter

Мобилен пазар за јавни и приватни чартер летови основан од рускиот бизнисмен Сергеј Петросов. Основната годишна претплата за овој сервис чини 15.000 долари, а за сите дополнителни привилегии (откажување бесплатни резервации, приоритети при резервацијата на летовите и слично) се доплаќаат уште 50.000 долари.

A post shared by JetSmarter (@jetsmarter) on