Таравари: На лекар само со лична карта или пасош


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од денеска нема да се користат сини картони при одење на лекар, соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција.

„Имав средба со двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, со претставници на „Мој термин“ и со претставници на приватните доктори. Заеднички донесовме одлука во врска со прашањето што да се прави без електронските картички. Проектот е почнат во 2010, а картичките се користат од 2012 година. Тие картички воопшто не се користат и така ќе продолжи додека не најдеме поинакво решение. Сини картони нема да бидат потребни, само со лична карта и старата здравствена книшка лекарите може да го проверат статусот на осигурување на самото место и ако свети зелено, значи се во ред, а ако е црвено, значи не се осигурени“, рече Таравари.

Тој потенцира дека од денеска нема да се бара од пациентите да носат син картон, потребна е само лична карта. Министерот истакна дека веќе се прават планови за изнаоѓање долгорочно решение за проблемот.

„Размислуваме за многу подобро решение, сè уште го бараме најрационалното решение заедно со Министерството за информатички технологии за сите граѓани и за сите пациенти. Во наредните недели ќе разговараме со експертите и ќе дојдеме до најдобрата опција“, рече министерот за здравство.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека за проблемот со електронските картички виновен е тој што нарачал картички со чип кој истекува на пет години.

„Зошто направиле така, треба да се истражи. Бараме нов начин, можеби со картички кои ќе важат 10 или 20 години. Не е јасно и зошто воопшто се пуштени во оптек сините картони“, рече Таравари.