Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона лошо ја отвори сезона, со два порази од вечниот ривал Реал Мадрид и со вкупни 5:1 го загуби Суперкупот на Шпанија.
Клубот сеуште е „раздрман“ после заминувањето на Нејмар, па јасно е дека раководството мора да побрзо со ангажманот на нови фудбалери. Главни мети се Осман Дембеле од Борусија Дортмунд и Филипе Кутињо од Ливерпул.
Шпанските медиуми тврдат дека Барселона сега има нов проблем поради кој мора да брза, а тоа е притисокот кој го прави првата ѕвезда, Лионел Меси.
Аргентинецот сеуште не ставил потпис на новиот договор со клубот, иако медиумите уште пред еден месец известија дека е постигнат договор. Наводно Меси сега чека да види како Барса ќе го заврши преодниот рок и дали ќе успее да донесе адекватна замена за Нејмар.
Меси смета дека Дембеле не е добра замена за Нејмар и „навива“ клубот да донесе некој од неговите сонародници, Пауло Дибала или Анхел ди Марија. Наводно Аргентинецот му поставил ултиматум на клубот дека ќе потпише нов договор само ако на „Камп Ноу“ пристигне некој од споменатите двајца фудбалери.
Дибала е невозможна мисија бидејќи Јувентус нема да го продаде по ниту една цена, додека ангажманот на Ди Марија е нешто пореален, но Каталонците мораат да бидат брзи и конкретни.