Полицијата спречи втор терористички напад во Шпанија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанската полиција соопшти дека спречила втор терористички напад во летувалиштето Камбрилс, 120 км јужно од Барселонa.

Еден автомобил удрил во пешаци околу полноќ на шеталиштето во Камбрилс исто како и комбето кое во Барцелона уби 13 лица вчера попладне.

Во оваа акција на шпанската полиција се убиени петмина терористи кои подготвувале сличен напад во Камбрилс, а ранети биле шестмина цивили и еден полицаец. Од нив едно лице е со тешки повреди.

Можните терористи подготвувале голем напад кој требало да предизвика многу жртви. Кај нив се најдени експлозивни направи кои ги носеле на себе. Полицијата соопшти дека настаните во Камбрилс се поврзани со нападот во Барселона, за што одговорноста за презеде Исламската држава.