Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот авиопревозник „Ер Берлин“ соопшти дека поднел барање за банкрот кога мнозинскиот сопственик, компанијата „Етихад“, соопштил дека ќе го запре финансирањето.
Министерството за економија и сообраќај на Германија соопшти дека „Ер Берлин“ ќе добие кредит од 150 милиони евра за да продолжи со летовите.
„Моментно десетици илјади Германци и туристи се насекаде во светот. Нивните летови назад во Германија со ‘Ер Берлин’ не би биле можни ако не го добијат кредитот“, соопшти министерството.
Компанијата не одговара на повиците на германските медиуми, а во соопштението навела дека по повлекувањето на финансирањето од „Етихад“, дошла до заклучок дека не постои можност да продолжи со работа.
„Франс прес“ пишува дека „Луфтханза“ сака да го преземе „Ер Берлин“.