Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
МВР трага по убиецот на Дилавер Бојку -Леку, кој вчера беше застрелан на плажа во Струга.
Како што пренесува „Макфакс“, полицијата трага по машко лице на возраст од околу 30 години, слабо развиен, висок до 170 цм. Според првичните полициски сознанија од истрагата и од сведоците, напаѓачот бил облечен во темна маица, темни кратки пантолони и темни сандали на нозете. На главата носел бела летна капа и темни очила за сонце.
Како што соопштија од СВР Охрид, во тек се опсежни оперативни мерки за да го лоцираат и идентификуваат можниот сторител.
„Се повикуваат повеќе лица на разговор во полициската станица , во Струга се вршат анкети но и други мерки за побрзо да се дојде до можниот сторител“, велат од СВР Охрид.
Мотивите за убиството на често нарекуваниот Балкански крал на проституцијата не се утврдени од полицијата, но во јавноста се говори дека станува збор за крвна одмазда.
Бојку е осуденик за организирање нелегална проституција во селото Велешта. Тој вчера беше убиен со куршум во главата на плажа во Струга пред неговата кафеана во близина на старата автобуска станица.