Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прилеп иако во последните години е на маргините на македонскиот фудбал, сепак градот под Марковите кули го носи епитетот „најфудбалски град“ во Македонија.
На почетокот на 90-те години Прилеп беше неосвоива „тврдина“ и за најсилните фудбалски клубови, прилепската публика правеше вистински спектакл, а навивачите со своите кореографии и пиротехники ја правеа атмосферата на стадионот „Гоце Делчев“ неповторлива.
Во следното видео потсетете се на дербито Победа – Вардар од 1992 година, време кога тој натпревар беше најголемо дерби во македонскиот фудбал, заедно со дербито Пелистер – Вардар.