Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа на „Камп Ноу“ се одигра првиот овосезонски „Ел Класико“ на кој славеа гостите со 3:1 во рамките на Суперкупот на Шпанија.
Барселона не играше толку лошо колку што покажува резултатот, но и недостасуваше добра завршница, па многумина веднаш истакнаа дека и недостасуваше Нејмар.
Нејмар синоќа на своето деби за ПСЖ, постигна гол, асистенција и беше избран за играч на натпреварот.
„Смирен сум. Луѓето мислат дека да ја напуштиш Барса е како да умреш, но не е такам туку спротивно – јас сум пожив од било кога“, изјави Нејмар.
Бразилецот го навлече бесот на навивачите на Барселона кои го нарекоа „новиот Фиго“, а тој бес додатно ќе се зголеми после оваа изјава.