Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
20-годишниот Џејмс Филдс од Охајо е уапсен под сомнение дека со автомобилот се забил во група луѓе кои протестираа против расизмот и десничарските екстремисти во Шарлотсвил. Полицијата објави дека во овој инцидент загина една 32-годишна жена, а 19 души се повредени.
Инаку, вкупно најмалку три лица загинаа, а 35 се повредени, синоќа во американскиот град Шарлотсвил во државата Вирџинија, во судирите меѓу националисти и антирасистите.
Една жена загина, а 19 лица беа повредени, кога автомобил влета во група демонстранти во центарот на Шарлотсвил. Филдс е обвинет за убиство од втор степен.
Двајца американски полицајци загинаа во несреќа со хеликоптер, што се урна во шумскиот предел на градот. Хеликоптерот бил испратен на местото за да ја следи состојбата на протестите. Се уште не е позната причината за падот на леталото.